Моя Сербия

Новости

Саопштење за јавност Архиепископије охридске

Соопштение Денес на 12-ти Декември 2011г. при обид да влезе во Р. Македонија, на граничниот премин Меџитлија, на границата со Грција, беше уапсен Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и одведен во затворот Идризово во Скопје. По лажните обвинувања од расколничката организација во Р. Македонија, во 2010 г., Архиепископот Јован беше осуден на затворска казна, но од причини што судскиот процес се вршеше во негово отсуство, тој има законско право да побара повторување на постапката. Затоа се очекува дека за три до пет денови тој треба да биде ослободен од затворот и да му се овозможи нова судска постапка во која ќе се брани од слобода. Инаку само за потсетување, на 16-ти Ноември 2010г. Архиепископот Јован беше уапсен на бугарската граница по потерница на Интерпол од Р. Македонија, токму заради издржување на оваа затворска казна, но Судот во Р. Бугарија го ослободи со образложение дека судската пресуда од Р. Македонија е резултат на гонењето кое Архиепископот веќе девет години го поднесува врз религиозна основа, а не затоа што вистински бил виновен според кривичниот законик. Од канцеларијата на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска